Постојат многубројни сведоштва и теории за она што се случува откако ќе настапи смртта. Искуства од задгробен живот, среќавање со починатите. Но, што навистина се случува кога умираме? Постои ли транзит во некој друг свет? Умира телото, но енергијата на човекот продолжува да живее?
Според некои верувања, кога телото умира, нашата животна енергија се ослободува во универзумот. Иако повеќе не постоиме, нашата свесност продолжува.
Следните пет лица доживеале искуство близу смрт. Тие објаснуваат што виделе и почувствувале.Нивните вистински имиња не се објавени па своите приказни ги раскажуваат под псевдоними.
1. TheDeadManWalks - овој човек примал хемотерапија додека имал само 15 години.Бил заразен со сепса и почнал да исплукува крв. Веднаш бил пренесен во болница каде што лекарите го губеле и враќале во живот во неколку наврати.Тој го објаснува ова искуство со притискање на snooze копчето а вашиот аларм : Навистина чудно искуство. Како да го притискате snooze копчето на аламот кога треба да станете во 7 часот наутро, но се сеќавате дека имате уште незавршени работи, па едноставно се будите, рекол тој.
2. Schneidah7 - доживеал сообраќајна несреќа со својот моторцикл. Откако удрил во столб, западнал во темнина. Вели дека се разбудил, бидејќи некој викал по него : Кога ги отворив очите, го видов брат ми како вика по мене и ме буди. Тоа беше најчудното нешто,, бидејќи мојот брат е починат веќе неколку години. Не можев да се изначудам, бев во шок и само го гледав.
3. SonofDavor - на само петгодишна возраст за малку ќе се удавел во базен. Сеуште има визии после тоа искуство : Немаше ништо помеѓу тој момент кога паднав во базенот и кога ме извлекоа на површината. Иако можам да кажам дека се сеќавам како водата трепереше и светкаше додека гледав нагоре од дното на базенот и сеуште го гледам тоа светкање понекогаш.
4. 7storiesup - на овој човек му била потребна операција на окото на 7-годишна возраст. Заради неговата астма, анестезијата за време на операцијата предизвикала компликации со срцето и тој дживеал клиничка смрт : Не е некое магично искуство. Едноставно спиеш, но некогаш можеш да се разбудиш како јас, а некогаш не можеш. Тажно е, бидејќи животот е гласен и разнобоен и забавен и убав, а смртта е едно големо ништо.
5. minusthelela - немала пулс речиси 10 минути, заради откажување на срцето : Постепено собата стануваше црна и почувтсвував мир и спокој, како да заспивам. Не видов ништо добро или лошо, само празнина.