Застанете и размислете за вашето минато; колкаво влијание врз вас имале прашањата што сте си ги поставиле или некој ви ги поставил? Потоа, поставете ги следните прашања и обидете се да најдете одговор за нив.
1. Дали се лажете себеси?
- Сите шанси се отвораат кога престануваме да се лажеме себеси.
2. Зошто не ги правите нештата што знаете дека треба да ги направите?
- Животот не постои за сфаќање што треба да направите. Вистинскиот предизвик е да ги направите тие работи.
3. Кои се вашите принципи и дали се придржувате кон нив?
- Сè додека не почнете да ги почитувате своите принципи, нема да бидете задоволни со себе.
4. На кој начин ве гледаат другите?
- Мора да бидете искрени со себе и да разберете како изгледате во очите на другите.
5. Зошто не го знаете она што не го знаете?
- Најголемите предизвици во животот се поврзани со пречките за кои не знаеме. Прашувајте ги луѓето со искуство за да знаете како да постапите.
6. Дали работите што треба да ги направите ви го попречуваат патот кон среќата?
- Секогаш ќе го имате она што го сакате доколку го сакате она што го имате.
7. Што научив денес? Кого сакав? Што ме направи среќен?
- Обидете се да си ги поставувате овие прашања секој ден. Доколку сте научиле нешто ново, сте сакале некого и некој ве насмеал, денот навистина вредел.
8. Доколку не се плашевте, како ќе постапевте?
- Помислете на себеси на 90 години, како гледате кон минатото; што би се советувале?
9. Доколку имавте уште малку време, дали ќе се грижевте за ова?
- Понекогаш забораваме дека сите полека умираме и треба да уживаме во животот без да го трошиме времето на непотребни грижи.
10. Што би се случило доколку...?
- Не прифаќајте ги работите какви што се. Прашувајте се зошто нешто не може да биде направено на поинаков начин.
11. Што/кој направи да се чувствувате подобро денес?
- Можеби ги игнорирате нештата што ве прават најсреќни.
12. Каков сакате да ви биде животот за 5 години?
- „Доколку не знаете каде одите, никогаш нема да стигнете таму“ - Луис Керол.
13. Како би постапиле луѓето на кои им се восхитувате да се на вашето место сега?
- Дејствувајте како нив, како да го имате нивното искуство и знаење.