Фото: Reuters
Во пресрет на 20 годишнината од смртта на принцезата ДИјана, документарецот „Diana: 7 Days That Shook The Windsors“ открива како изгледале седумте дена пред погребот на Дијана и низ што поминувало семејството во текот на овој период.
Оваа година на 30 август ќе се одбележат 20 години од трагичната смрт на принцезата Дијана, а документарецот „Diana: 7 Days That Shook The Windsors“ открива што се случувало во кралското семејство во текот на седумте дена додека се подготвувал погребот на принцезата.
Имало прилично големи тензии и требало да се донесат важни одлуки како таа дали синовите на Дијана, принцот Вилијам и принцот Хари да одат позади ковчегот на нивната мајка, бидејќи Вилијам уште од самиот почеток не се согласувал со ова. Документарецот открива како батлерот на Дијана, Пол Бурел и нејзиниот возач Колин Тибат биле првите кои го виделе нејзиното тело во импровизираната мртовечница во Париз, каде принцезата загинала во сообраќајна несреќа. Колин во документарецот раскажува како мртвото тело на Дијана лежело во една соба, додека од соседната зграда обожавателите и фотографите се обидувале да ја фотографираат собата каде што била таа.
„Кога видов што се случува, веднаш побарав да ми дадат прекривачи со кои ги покрив прозорците и спречив да ја гледаат. Дебелите прекривачи предизвикаа уште поголема топлина во собата, па затоа пуштивме неколку вентилатори. Од нив косата на Дијана се помести, а јас помислив дека е жива“, раскажува Колин.
Кога Дијана загинала, нејзините синови биле на одмор во Шкотска; веста дека принцезата починала пристигнала во текот на ноќта, а кралицата Елизабета одлучила да почека и наутро да им каже на децата дека нивната мајка починала. За да ги поштеди од дополнителни трауми, таа од сите соби ги тргнала телевизорите за момчињата да не гледаат вести за смртта на нивната мајка. Кога Чарлс отишол во Париз во телото на Дијана, тогаш 12 годишниот принц Хари го молеле да оди со него, но Чарлс одлучил дека било подобро да остане во Лондон.
Полицијата, членовите на кралското семејство, тогашниот премиер Тони Блер и братот на Дијана, Ерл Спенсер, една недела пред погребот на Дијана воделе разговори и ги договарале деталите. Во документарецот се истакнува дека Ерл инсистирал дека тој треба да биде единствениот кој ќе оди позади ковчегот на Дијана. Останатите сметале дека со него треба да бидат Вилијам иХари.
Постариот принц Вилијам, кој тогаш имал 15 години, сакал да жали сам, и одбивал да оди на погребот. Во разговорот за тоа дали Вилијам треба да оди позади ковчегот, најгласен бил принцот Филип кој сите ги замолчил велејќи дека момчињата ја изгубиле
својата мајка, па добро би било да се почитува нивната тага.