X
 17.09.2016 Живот

Работи на кои помислува секој студент со започнувањето на семестарот

Овие денови голем дел од вас, после долгата пауза се враќаат на факултет. Иако можеби не ви се чини така, меѓутоа доаѓа есента и со неа и реалноста - повторно предавања, колоквиуми и учење! Ова се некои од работите кои сигурно ви поминуваат низ глава кога се враќање на факултет.

 

студент


1. Си ветуваш дека барем оваа година ќе започнеш редовно да учиш и редовно да ги земаш колоквиумите и испитите.

2. Се обидуваш да се сетиш дали ти останале седум или девет испити од минатата година.

3. Го гледаш распоредот на предавања и се прашуваш која будала упорно става вежби во осум часот наутро.

4. Им завидуваш на пензионерите бидејќи живеат исто како тебе, минус учењето.

5. Се обидуваш да откриеш од каде доаѓа лошиот мирис во станот.

6. Пушташ гласна музика бидејќи сакаш идиотот од горниот спрат да знае дека си се вратил.

7. Се обидуваш да се сетиш каде си го зафрлил индексот.

8. Седиш над учебникот од 500 страни и размислуваш за тоа каде си погрешил.

9. Во станот немаш ништо за јадење, а не работи ништо, па размислуваш да ја отвориш теглата ајвар која мајка ти ти ја стави во торбата.

10. Си ветуваш себеси дека овој семестар ќе имаш барем 5 добри оценки.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот