X
 28.03.2021 Забава

Прекрасен музички дует на двајца соседи што не се познавале, а се слушале преку ѕидот

Она што најмногу може да ве изнервира е моментот кога сакате мир и тишина во вашата куќа, а соседите баш тогаш одлучиле дека е совршено време да прават врева со дупчење и брмчење. Но, што ако вашиот сосед свири на пијано и преку ѕидот можете да слушнете придушена мелодија? Дали и тогаш би биле изнервирани и вознемирени?

Еден корисник на „Тик-ток“, кој открил дека неговиот сосед е пијанист, воопшто не се изнервирал. Всушност, толку многу уживал додека неговиот сосед свирел, што му напишал писмо во кое го изразил своето воодушевување и го замолил да ја отсвири „My Heart Will Go On“. И така почнало прекрасното пријателство и неверојатниот пијано-дует кој стана вирален на „Тик-ток“.

Еден од главните ликови во оваа приказна е Џорџо Ло Порто, Италијанец кој живее во Велика Британија и снима тик-ток видеа. На 31 јануари Џорџо објавил видео на кое го слуша својот сосед како свири на пијано, нешто во што навистина уживал.

@giorgio_lp_

#fyp #foryou #piano #uk #love #neighbour #talent #foryoupage

♬ original sound - Giorgio Lo Porto
Потоа, на 6 февруари, тој објавил уште едно видео во кое се гледа дека еден ден претходно Џорџо му оставил писмо на соседот во кое пишува дека е воодушевен од него и го замолува да му ја отсвири „My Heart Will Go On“. Одговорот на соседот бил јасен бидејќи на видеото може да се слушне како ја свири песната.

Ова било почеток на едно прекрасно пријателство на двајца луѓе што уживаат да свират на пијано, како и на серија прекрасни видеа. Џорџо напишал уште едно писмо до соседот, заблагодарувајќи му се и восхитувајќи се на неговите вештини. Овој пат соседот бил тој што му одговорил: - Ова е забавно, ајде да продолжиме да го правиме.

Всушност, и Џорџо знае да свири на пијано иако одамна немал свирено. Но, ова била одлична можност да ѝ се врати на својата страст. Тој му напишал писмо на соседот предлагајќи да направат дует: - И веднаш штом јас ќе застанам, ти почни - му напишал Џорџо.

Видеото од дуетот стана вирално на „Тик-ток“, собирајќи повеќе од 1,7 милион прегледи.

@giorgio_lp_

It was really fun #fyp #foryou #music #piano #neighbour #duet #love #foryoupage

♬ original sound - Giorgio Lo Porto
Така Џорџо и неговиот сосед почнале да закажуваат неделни пијано-средби на кои свиреле заедно.

- Иако не го познавав и не го знаев неговиот идентитет, свирењето беше еден начин на утеха: „Не знам кој си, но тука сум. Не си сам. Ова е и за тебе“ - вели Џорџо.

Еден ден Џорџо конечно го запознал својот сосед, 78-годишниот вдовец Емил кој ја загубил својата сопруга во декември од Ковид-19. Станот каде што престојувал бил привремено сместување додека да ја продаде неговата куќа. Единствената утеха на Емил било пијаното. Свирел во 14.00 часот затоа што обично тогаш ѝ свирел на сопругата и таа ја обожавала музиката.

Емил бил благодарен што Џорџо продолжил да го мотивира и правел да се чувствува помалку осамен. Затоа Џорџо му ветил на Емил дека ќе свири со него во текот на викендите додека не ја продаде куќата и треба да се пресели.

Така, тие свиреле до преселувањето на Емил. За жал, на видеото објавено на 14 март се гледа дека Џорџо свири со огромна тага. Вестите за смртта на Емил стигнале до него. Иако тажен, Џорџо му е неизмерно благодарен на Емил што му ја вратил страста за свирење и што му го променил светот.
@giorgio_lp_

Bye Emil 💛 #fyp #foryou #music #neighbours #piano #love #foryoupage

♬ original sound - Giorgio Lo Porto

Извор: Bored Panda
Фото: Giorgio_lp_
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава