X
 25.01.2018 Економија

Професии со највисоки нето-плати во Македонија

plata

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2017 година изнесува 103,6.

Ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: преработувачка индустрија (8,9%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8,7%) и земјоделство, шумарство и рибарство (7,6%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2017 година изнесува 23.196 денари. Во ноември 2017 година 1,1% од вработените во Македонија не зеле плата.

Ова се професиите со највисока нето-плата:

Воздухопловен транспорт - 96.116 денари
Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности - 50.248 денари
Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови - 45.251 денар
Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати - 42.377 денари
Спортски, забавни и рекреативни дејности - 40.193 денари
Телекомуникации - 38.940 денари
Маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот - 37.209 денари
Правни и сметководствени дејности - 35.800 денари
Складирање и помошни дејности во превозот - 36.556 денари
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација - 36.446 денари
Дејности на организации врз база на зачленување - 34.893 денари
Помошни дејности кај финансиските услуги и дејностите во осигурувањето - 31.673 денари
Осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување - 35.113 денари
Останати стручни, научни и технички дејности - 32.519 денари
Вадење руди на метал - 31.525 денари
Информативни услужни дејности - 31.588 денари
Поправка и инсталирање на машини и опрема - 31.425 денари

Целосниот извештај можете да го погледнете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија