X
 20.09.2016 Технологија

Марс не е лимит за Илон Маск

14 години Илон Маск се фокусира на дизајн и развој на средства и опрема за колонизирање на Црвената планета. Сега му текна дека може човекот и многу подалеку.

ЦЕО-то на SpaceX планира да испрати луѓе на Марс најрано во 2014-та и тоа и е добро познато на јавноста. Неговата најнова амбиција е да освои колку може повеќе од вселената, за што објави на Твитер (фото).

Твит на Илон Маск


Според Маск, Mars Colonial Transporter, вселенското летало дизајнирано да носи и товар и астронаути на Марс, всушност е добро дизајнирано и за да замине подалеку од Марс. Тоа значи дека на Mars Colonial Transporter ќе му треба и ново име, за што тој веќе има идеја - Interplanetary Transport System или ITS.

Во прилог на амбициите на Маск му одат и откритијата дека планетата не е единствениот свет во кој можеби постојат услови за живот. Месечината, Венера, астероидот Церес - сите тие имаат некои предности кои би можеле да овозможат опстојување на колонии.

Повеќе за своите вселенски планови Маск се очекува да каже на International Astronautical Conference што ќе се одржува во Мексико од 26-ти до 30-ти септември.

Астронаут му се заблагодарува на Илон Маск
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија