X
 03.03.2017 Култура

Твитер се „тресе“ поради новата реклама на Зара!


Две девојки позираат


Промотивната реклама на модната куќа Зара, за новиот тип фармерки наменети за жени со вишок килограми, а во која две „суви“ манекенки ги повикуваат жените кои „ја сакаат својата заобленост“ да ги набават, внесе збрка кај многу купувачи.

Рекламата била поставена на почетокот на февруари, но откако ирската радио-водителка, Мјуриен О`Конел, ја изнела својата забелешка преку Твитер, компанијата се нашла на мета на големи критики, пишува Independent.

О`Конел порачала дека иако не гледа ништо лошо во моделите од рекламата, сепак станува збор за маркетиншка грешка. Твитот предизвикал вистинска „бура“ на социјалните мрежи, а сега многумина сметаат дека станува збор за иронија.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура