X
 21.09.2016 Политика

Ангела Меркел од "А" до "Ш"

Која е Ангела Меркел?

Говорот на телото на Меркел

Во интервју за DW политичкиот новинар Ринке, кој го напиша лексикон за германската канцеларка, објаснува дека оваа книга на светот му е потребна затоа што се работи за сосема поинаков пристап со кој се обидува да ја објасни политичарката како човек. Ринке се одлучил за формата лексикон затоа што биографии веќе постојат. Но, додава новинарот, како што се покажа и лани, се уште има многу непознати работи околу тоа што ја поттикнува таа жена и зошто таа делува така како што делува.

Ринке одговорот на прашањето која е навистина Ангела Меркел го спакува на 400 страници во лексикон - Das Merkel Lexikon. Накратко, според него, таа е многу комплексна политичарка, која се состои од мноштво поединечни аспекти, со силен порив да има моќ, да создава и обликува, жена за која, баш како и за нејзиниот претходник Герхард Шредер, воопшто не е контрадикторно да има принципи, да настапува хуманитарно и истовремено да се поврзува со политичка моќ. Затоа што, вели Ринке, само моќта дава шанса со неа нешто да се смени.

DW: И, што ја поттикнува таа жена?

Кога зборуваме за бегалската криза, тогаш постојат две, три поттикнувачи сили што ја одредија нејзината позиција. Како прво, сакаше да ја зачува слогата во Европа. Секој може за себе да процени дали тоа и успеа или не. Но, во секој случај Меркел не сакаше да ги затвори границите зашто мислеше дека ако централната и најважна држава ги затвори своите граници, ќе настане домино-ефект во Европа. Втора поттикнувачка сила сигурно е христијанското воспитување во семејството. Свеста за тоа да им се помага на други. Таа многу рано упатуваше на тоа, уште во 90-те, при прифаќање на бегалците од Југославија, говореше дека постои хуманитарна одговорност. Секако, тука е уште и искуството од  Источна Германија и чувството дека Западна Германија по обединувањето и` помогна, како и тоа дека изолацијата и границите не може да ги спречат луѓето да одат онаму каде што сакаат.

DW: Вашата книга е полна со записи по азбучен ред. Што мислите, кој од нив најдобро ја опишува Меркел како човек?
... Она што го сметам за фасцинантно е дека после 11 години откако е на должност прикажала разни и контрадикторни начини на однесување, кои некогаш беа поздравувани, а некогаш критикувани. Некој вели дека попушта под притисок, други тврдат дека не е во состојба да донесува одлуки, а некој пак вели дека е тврдоглава и дека не отстапува од своите начела. Таквата слика се создаде лани во екот на бегалската криза.

DW
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика