Ако постојано забележувате граматички грешки и се нервирате поради нив, тогаш најверојатно имате одредени карактеристики на интроверт.
Студија спроведена во 2016 година открива дека на одредени карактерни типови повеќе им сметаат граматичките грешки отколку на другите. Во истражувањето учествувале 83 волонтери од кои било побарано да евалуираат 12 одговори на онлајн-реклама. Некои одговори содржеле грешки, па резултатите покажале дека интровертите биле посклони кон критикување на граматичките грешки отколку другите. Исто така, критикувањето од страна на интровертите било построго и поостро, за разлика од екстровертите.
Дополнително, тие што имале карактеристика на лица кои тешко се согласуваат биле построги за граматичките грешки. Генерално, учесниците повеќе ги осудувале грешките во пишување отколку граматичките грешки.
Тимот на истражувачи од
студијата вели дека целта била да се открие колку личните одлики влијаат врз нашите реакции за грешките во пишувањето. Ова е прва ваква студија што ја покажува врската помеѓу карактерот и пишаниот збор.