X
 21.09.2016 Технологија

Ова е следната иновација на "Аpple"

“Аpple“ претстави еден “куп“ нови технологии и пронајдоци на нивниот организиран настан на почетокот на овој месец, но се чини дека технолошкиот гигант допрва ќе не изненадува со најновата иновација наречена “Behold, the Bag“. Компанијата поднесе патент за торба во месец Март, а САД ја објави листата за патенти и трговски марки на 15 септември.

Што всушност е “торбата“? Веројатно се прашувате? “Аpple“ ја опишува вака: “Хартиената торба е откриена, а може да вклучи и кутии формирани од бела цврста сулфат хартија, со најмалку 60 проценти за содржината на потрошувачите. Илјадници зборови што следат по должината на патент апликацијата не се книжевни ремек дела сами од себе, но на крајот “специјалниот“ дел од дизајнот на торбата станува јасен.


хартиена торба


Повеќето торби во малопродажба, свежо бели со убав сјај, не се пријателски за животната средина, како што е торбата на “Аpple“. Луксузните торби типично се помали од 50 проценти за содржината на потрошувачот, бидејќи поголем процент би ги направиле “премногу слаби“ (на пример склони кон кинење), за употреба, според “Аpple“.

Како и да е карактеристиката на “Аpple“ торбата е во “вметнатите зацврстувачи“, што значи дека торбата е и пријателска за животната средина и силна.

Дизајнот на пакувањето на “Apple“ е прилично голем и компанијата сака да направи должина, за да се осигура дека преградите за уредите се посебни и вешти како и самата електроника. Тоа прави смисла за нивната желба да сакаат да патентираат аспекти на нивниот дизајн на пакување.
SaveSaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија