Знаете ли дека во светот има повеќе од една милијарда велосипеди?
Освен што возењето велосипед е здраво, истото е и економично, а да не зборуваме дека на тој начин придонесувате и кон заштитата на природната средина.
Еве ги причините зошто едноставно морате да си набавите велосипед.
Здрав е за телото
Возењето велосипед ја поттикнува работата на кардиоваскуларниот систем, ја зголемува кондицијата, а корисно е и за согорување калории. На тој начин секојдневно ќе работите на вашата совршена линија без одење во теретана.
Здрав е за умот
Докажано е дека возењето велосипед го намалува стресот, а независно од тоа дали го возите од забава или го користите како превозно средство, сигурно е дека после тоа ќе се почувствувате среќни, полни со енергија и ќе бидете многу поопуштени.
Здрав е за околината
Многу земји ширум светот се обидуваат да ја намалат емисијата на штетни издувни гасови кои ги создаваат автомобилите, а велосипедот е одлично средство за борба против истите. Освен што ќе бидете посреќни и во добра форма, дополнително ќе се чувствувате добро, знаејќи дека придонесувате во заштитата на природната средина.
Практичен е
Сообраќајните гужви заради кои возачите излегуваат од памет, не им значат ништо на
велосипедџиите. Тенок, брз и способен да се провлече и низ најтесниот премин, велосипедот е сојузник кој штеди време, и кој цената на паркинзите ја прави безначајна.
Здрав е за паричникот
Горивото за автомобилите е голем удар врз сечиј паричник, а слично е и со градскиот јавен превоз. Под услов да имате заштитен шлем на главата и да возите согласно прописите, возењето велосипед е најевтината варијанта на превоз, а бесплатните работи, по правило, секогаш се најдобри.