X
 21.09.2016 Живот

Зошто се случуваат разводи?

Во САД секоја година се разведуваат повеќе од 800 000 парови. Впрочем, половина од браковите завршуваат со развод. Растот на бројот на разводи започнува од 1970тите и според предвидувањата на експертите тој тренд и понатаму ќе се одржува, односно веројатно е половина од склучените бракови во текот на една година да завршат со развод.

бред пит и анџелина


Причината за разводите е тема на истражување за социолозите долги години. Се смета дека причините може да бидат различни со оглед на тоа дека улогите на мажите и жените се менуваат, но неколку студии покажале дека две третини од разводите се иницирани од жените. Идејата дека мажите ги оставаат жените можеби е само мит. Тоа не значи дека бракот не бил претходно загрозен од мажот. Можеби сопругот имал афера или бил насилен. Но, иницијатива за развод повеќе преземаат жените.

Во една 17 годишна студија со 2000 испитаници се рангирале причините поради кои се случуваат разводите. Неверството е на прво место, потоа е некомпатибилноста, а на трето мето е пиењето или зависноста од дрога. Проблеми со карактерот на личноста и комуникацијата се исто така погоре на листата на причините.


разводи


Во изминатите децении многу малку се изменети очекувањата од мажите во бракот. Сé уште се очекува тие да заработуваат повеќе и поверојатно е да се случи развод ако мажот е невработен.
Кај жените е обратно, поверојатно е да се разведат ако имаат работа. Разводот отвора пат да се реализираат на професионално поле ако биле незадоволни во бракот. Друга студија пак, покажала дека ова е помалку поврзано со традиционалните улоги, а повеќе со независноста на личностите.

Сумирано, Американците се разведуваат многу почесто отколку пред 50 години, но не затоа што се несреќни, туку затоа што имаат многу други начини на кои би биле среќни.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот