Дали некогаш сте се запрашале зошто вратите на јавните тоалети не се до земјата? Има многу добра причина зошто се така дизајнирани.
Безбедност и хигиена
Една од главните причини е безбедноста. Доколку некој доживее несреќа во тоалетот, просторот под вратата овозможува брза реакција и помош. Дополнително, овој дизајн го прави чистењето полесно и побрзо бидејќи просторот под вратата овозможува полесен пристап.
Исто така, една од причините е економичноста. Една компанија за изнајмување преносни тоалети наведува дека пократките врати се поекономични и помагаат да се намалат мирисите. Имено, отворот на дното овозможува брзо проветрување на просторот. Шуплините на дното на вратата имаат дополнителна предност при процената дали тоалетот е зафатен.
И конечно, се верува дека овој тип на врата ги намалува лошите навики или однесувања во тоалетот. Луѓето би можеле да се воздржат од недолично однесување затоа што срамот од тоа некој да ги види ќе ги натера примерно да се однесуваат.
Извор: n1info.hr
Фото: Pexels