X
 21.09.2016 Живот

Зошто сите бебиња ја сакаат жирафата Софи?

Тоа беше многу одамна, на 25 мај 1961 година родена е играчка која во Франција, се продава наjповеќе кога ќе се роди бебе. Со потекло од Париз, а денес се продава низ целиот свет, а и познатите личности ја купуваат за своите деца. Првата играчка која го добила малиот принц Џорџ била токму таа. Нејзиното име е Софи жирафа (оригинално: Sophie la girafe), бидејќи таа е родена на денот на Света Софија.

“Сакам да ви зборувам за неа затоа што Софи жирафата за мене е на место број еден, затоа што ова е прва играчка која ги стимулира сите 5 сетила на вашето бебе и во која е вложено многу љубов со оглед на тоа што бебињата од целиот свет уживаат да си играат со неа“-пишува Љубица Билди за српски блог.


жирафа Софи


Ние Софи ја поседуваме веќе некое време. Јас досега не сум видела играчка која е толку примамлива за допир и тоа не само за децата, туку и за нас возрасните. Причината зошто е тоа така е затоа што е изработена 100 проценти од природен каучук, цеден од “hevea“ стебло. Поради тоа е мека и потсетува како на допирање на бебешка кожа, а бебињата ги потсетува на мајките.

Знаеме дека за бебето е важно да допираат, бидејќи допирот стимулира психолошки и емоционални реакции што го смируваат бебето и стимулира кај него здрав раст и благосостојба.

Освен тоа што и јас сама сакам да ја имам во рацете Софи, како и моите деца, таа има мирис на природен каучук и имате желба постојано да ја душкате. Кога бебињата се мали, тие ги осознаваат работите од своето опкружување и по мирисот Софи се издвојува и лесно може да ја препознаат својата омилена играчка.

Како и секоја жирафа Софи има долг врат, што им овозможува на малите раце, лесно и едноставно да ја држат. И навистина нема начин да падне од раката, особено затоа што знаеме дека децата се фаќаат за нешто цврсто и не сакаат да го пуштат. Нејзината должина е 18 сантиметри и е многу лесна, така што бебињата може од самиот почеток да се дружат со неа.

Давид и Ленка често ја носат кога се возиме во автомобил и сум забележала дека ја држат цврсто во рака, дури и кога се опуштени и гледаат низ прозорецот. Ленка сама одлучила дека Софи е нејзина, така што Давид има ретки шанси да си игра со неа. За сега таа ни стои во автомобилот и тоа е за Ленка играчка со која се вози. Толку е навикната на Софи, што во една прилика почна да ја бара по седиштата и да прашува каде е.


жирафа


Кога и самата дознав како е изработена Софи ме импресионира и мене, дури и точките изгледаат како природни. Секоја играчка Софи е обоена со прехранбена боја, а нејзините образи и очи рачно се насликани. Кога имаме ново бебе постојано размислуваме за тоа колку безбедно е сѐ што става во устата. Кога е во прашање Софи, за тоа не мора ни да размислуваме.

Обликот што го има е таков што бебето може да ги дофати сите заби, нозете на жирафата може да ги дофатат и забите сосема позади. Ленка често ги ставаше нозете на Софи во уста и тоа поради досада, а на жирафата ништо не се промени и понатаму изгледа како нова.

Софи во себе има свирка, која се огласува кога детето ќе го притисне телото на жирафата. Звукот не е остар, така што е прилагоден за осетливите уши на бебињата. Давид и Ленка додека беа мали постојано се смееја на тој звук.

Во Србија Софи може да се најде во уште неколку облици и варијанти, а според мене сите варијанти се одлични. Има и мала играчка која е баш за мали бебиња од првиот ден, има и за спиење, таа не испушта звук, како и за капење.

Класичната Софи не се става во вода, ниту се стерилизира, туку се одржува само со влажна крпа и детално се бриши. Кога ја купувате Софи таа пристига во преубаво пакување, така што ќе се заљубите во неа на прв поглед, сѐ кај неа е неодоливо и е невозможно да не ја засакате. 
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот