X
 25.06.2018 Технологија

Гигафабрика на „Тесла“ наскоро и во Европа!



По само две недели откако од „Тесла“ ја потврдија изградбата на нова гигафабрика во Шангај, Илон Маск ја најави најверојатната локација за изградба на фабрика и во Европа.


Гигафабрика на Тесла
(Фото: Tesla)


По најавата дека „Тесла“ ќе изгради фабрика во Европа на социјалните мрежи се појавија низа информации, меѓу кои дека Германија ќе биде најверојатниот избор. На тоа реагираше лично Илон Маск: „Германија е првиот избор за Европа. Можеби германско-француската граница има смисла, во близина на земјите на Бенелукс“.

„Тесла“ веќе е присутна во Германија. Така во Прим, на 30 километри од Белгија, работи компанијата „Грохем енџиниринг“, која работи на подготовка за производството на „тесла модел 3“.

Треба да се напомене и дека во Германија наскоро би можеле да стигнат и други производители на батерии. Моментално во преговори се CATL, LG Chem и Samsung.



Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија