X
 27.09.2016 Наука

Чувството на осаменост е поврзано со гените

Осаменоста не влијае подеднакво на сите. Новото истражување покажа дека тоа не е само општествена положба, но исто така, гените со кои сме родени влијаат на веројатноста за чувствување на осаменост. И покрај тоа што факторите на животната средина, играат важна улога, една нова студија во која беа опфатени над 10.000 луѓе, покажа дека осаменоста може делумно да биде наследна.

Се смета дека осаменоста е причина за сите видови на физички и ментални здравствени проблеми и е значаен фактор за предвремени смртни случаи, а сега научниците се обидуваат да разберат повеќе за тоа од каде таа доаѓа, така што би знаеле што да превземеме за да ја спречиме. Особено тимот беше заинтересиран за разбирање дали постои генетски фактор на ризик за осаменост.


осаменост студија


"Ние сакаме да се знаеме зошто, генетски гледано, кај едно лице е почеста појавата од кај другите, да се чувствува осамено, дури и кога ситуацијата е иста"- вели водечкиот истражувач и психијатар Абрахам Палмер од Универзитетот Калифорнија во Сан Диего.

"За две лица со ист број на блиски пријатели и семејство, некој може да ја види нивната социјална структура соодветна, а другите не. И тоа е она што ние подразбираме под "генетска предиспозиција за осаменост"- изјавил Палмер.

Научниците проучувале здравствени лонгитудинални студии  во САД, а притоа со 10.760 луѓе на возраст од 50 години и нагоре се обидуваа да ја откријат врската меѓу генетиката и осаменоста.

Врз основа на овие податоци, се проценува дека 14 до 27 проценти, ризикот од животна осаменост може да биде генетски, што е всушност помалку од претходните проценки врз основа на примерок со помала големина, но сепак  не е незначителна.

Учесниците беа прашани колку често се чувствувале дека им недостига комуникација, колку често се чувствувале изоставено и колку често се чувствувале изолирани од другите. Резултатите беа избалансирани во однос на возраста, полот и брачниот статус (во брак обично луѓето се чувствуваат помалку осамено од самците. Тимот исто така ја спореди ДНК на учесниците за да бараат модели меѓу чувството на осаменост и одредени генетски региони.

Тоа беше првата студија за асоцијацијата на осаменост, и додека научниците не пронајдат специфични генетски варијанти поврзани со осаменоста како нивна цел, тие велат дека откриле докази дека генетскиот ризик за осаменоста е поврзана со невротичноста и симптомите на депресија.

Палмер и неговиот тим сега излегоа со почетна хипотеза дека осаменоста може да биде предупредување на биолошкиот систем: аларм кој се активира во нашите тела, кога не добиваме доволно социјална интеракција.

Па зошто тогаш претходните истражувања покажаа повисока генетска поврзаност со осаменоста? Ова може да се должи на фактот дека чипот наречен “наследност на методот“, се користи во командата, каде што се сметаат заедничките генетски варијанти, но не ретки.

Фактот дека во студијата биле вклучени само луѓе од САД, исто така, може да има влијание, според истражувачите на оваа нова студија. Иако постојат уште многу нешта за истражување, студијата додава дека со  растечкото ниво на докази, се сугерира дека некои од нас може да се родат со тенденција да се чувствуваат повеќе осамени, отколку другите.

Резултатите беа објавени во списанието “Neuropsychopharmacology“.
SaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука