Да, грипот може да биде смртоносен. Не, антибиотиците не помагаат против грип.
Грипот е смртоносен
Илјадници Американци секоја година умираат од грип. Симптомите се слични како кај настинка - болка во грло, кашлица, треска, но последиците може да бидат многу потешки. Бремени жени, деца и стари лица се посебно изложени на ризик од сериозни компликации.
Грип не се лекува со антибиотици
Антибиотиците се добри против бактерии, а грипот го предизвикува вирус. Грипот може да се третира со антивирални лекови, кои ги ублажуваат симптомите и го скратуваат времетрањето на тегобите. Ако антивиралната терапија не се користи прописно, вирусот може да стане отпорен на неа.
Не секој инфициран со вирус на грип има симптоми
Третина од луѓето со вируси на грип немаат никакви симптоми. Тоа значи дека човек може да се чувствува одлично, а во себе да носи вируси на грип и да шири инфекција која што воопшто не знае дека ја има. Но, најголем број преносители се луѓе кај кои има видливи симптоми. Затоа е важно болниот да остане дома. Болни деца и лица со послаб имунитет може да шират грип подолго од една недела.
Вакцина против грип може да се прима секја година
За разлика од вакцината за тетанус што може да се прими на 10 години,
CDC препорачува вакцинација против грип секоја година (+6 месеци). Една вакцина не заштитува низ повеќе сезони затоа тоа што вирусот мутира.
Зошто човек може да фати грип иако е вакциниран?
Човек може да се разболи затоа што вакцините против грип ги има обично во период кога циркулираат вирусите на грип (потребни се две недели за да се покрене одбранбениот механизам), а исто така вакцината штити од неколку типа на вирус, не од секој тип. Понекогаш научниците не си ја завршуваат добро работата и прогнозираат циркулација на едни вируси и се прави вакцина за тој тип, а всушност се појавува друг тип на вирус, па вакцината не нуди доволно заштита.
Вакцината против грип ретко предизвикува несекани ефекти
Една во милиони дози на вакцини против грип предизвикува тешка алергиска реакција. Некои пациенти изјавиле дека ги болело местото на инјектирање. Вакцината може да предизвика и гадење, главоболка и болка во грлото. Овие симптоми се сметаат за благи реакции и поминуваат сами од себе.
Луѓето кои се алергични на јајца може да се вакцинираат против грип
Некои вакцини против грип содржат
мали количини на протеин од јајце, а сепак, Американската академија на педијатри препорачува вакцинација на деца со алергии на јајца.