X
 28.10.2017 Наука

Научниците смислиле нов уред кој ја забрзува способноста за учење

Ново истражување од американскиот департмент за одбрана, успешно прикажа неинвазивен метод за симулирање на мозокот и поттикнување на когнитивните активности. Научниците од Калифорнија, Монтреал и Њу Јорк, го тестирале уредот на мајмун и го набљудувале зголемувањето на неговата способност за побрзо извршување на одредени задачи.


Во нивната студија, тие опишуваат како го користеле методот за да го стимулираат префронталниот кортекс кај мајмуните. Потоа на животните им доделувале одредена задача базирана на асоцијативно учење, односно учење на асоцијации помеѓу визуелни знаци и локации, со цел животното да добие награда. Оние кои го имале уредот, бележеле значително подобри резултати. На нив им биле потребни само 12 циклуси за веднаш да ја добијат наградата, а оние кои го немале уредот им бил потребен 21 циклус. Се заклучува дека со оваа стимулација, способноста за учење се зголемува за 40%.

Стимулацијата се одвива во префронталниот кортекс, бидејќи тоа е регионот кој контролира извршни функции, како донесување на одлуки, когнитивна контрола, контекстуална меморија, а е и поврзан со речиси сите други кортикални региони од мозокот.

Способноста за предизвикување забрзана функција на мозокот е навистина голем подвиг. Овој концепт престставувал научна фантастика во изминатите години, но напредокот во технологијата изгледа дека го доведува човештвото поблиску до иднината и новите иновативни методи.

Освен забрзувањето на способноста за учење, целта на овој проект е и уредот да биде потенцијална можност за креирање третман за луѓето кои страдаат од невролошка дегенерација, која предизвикува губење на меморијата.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука