X
 03.10.2016 Економија

Кој ги контролира поголемиот дел од медиумите на планетава?



Илузија на изборот



Во последно време сè почесто во јавноста го слушаме изразот „меинстрим медиуми“, но малкумина знаат што значи тоа и кои се нивните сопственици.

Според дефиницијата, меинстрим медиуми се медиумите кои влијаат на најголем број луѓе и кои се способни да го креираат јавното мислење.

Колкава моќ имаат меинстрим медиумите, најдобро кажува изјавата на познатиот философ, Ноам Чомски:

„Големите медиумски корпорации какви што се Си-Би-Ес или Њујорк Тајмс, ги изнесуваат своите приказни во јавноста, а тие приказни ги преземаат и ги шират помалите медиуми кои немаат ресурси да се занимаваат со темите на свој начин. Најголемите меинстрим медиуми, преку своите канали, од типот на новинарските агенции Асошиејтед Прес и Ројтерс, го наметнуваат своето мислење на другите медиуми, кои свесно или несвесно го шират нивното влијание.“

Меѓутоа, тоа што загрижува е одговорот на прашањето: Кои се сопствениците на најголемите и највлијателните медиуми во светот?

Одговорот е застрашувачки

Верувале или не, речиси 90% од најголемите медиуми во Америка се во сопственост на шест корпорации.
Американските корпорации Џенерал електрик, Њуз корп., Дизни, Виаком, Тајм Ворнер и Си-Би-Ес, поседуваат 90 проценти од медиумското небо во САД и западна Европа.

Во нивна сопственост се Си-Ен-Ен, Фокс, Еј-Би-Си, Гардијан, И-Ес-Пи-Ен, Ен-Би-Си, Јуниверзал, Ејч-Би-О, Ем-Ти-Ви, Ви-Ејч-Уан, Телемундо...

За споредба, истиот број медиуми во 1983 година биле во сопственост на 50 компании, а денес тој број се намалил на шест.

Кога станува збор за луѓето, може да се каже дека петнаесет милијардери или цели „фамилии“ ги контролираат наведените корпорации и остатокот влијателни медиуми.

Мајкл Блумберг, Руперт Мардок, Доналд и Семјуел „Си“ Њухаус, семејството Кокс, Џеф Безос, Џон Хенри, Шелдон Аделсон, Џо Мансуето, Мортимер Цукерман, семејството Барби, Стенли Хабард, Патрик Сун-Шионг, Карлос Слим, Ворен Бафет и Виктор Векселберг се сопствениците на медиумите во Америка, па и во светот, на начинот што го опиша Чомски на почетокот од текстов.  


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија