X
 03.10.2016 Живот

Лагите во кои секогаш веруваме


Лаги во кои веруваме


„Хакерот на животот“, Марк Черноф, составил листа од десет негативни работи во кои луѓето веруваат.

1.    „Сам“ значи „осамен“

Ова не е секогаш точно, особено заради тоа што самотијата не може да произведе онолку осаменост колку што може  врската со погрешна личност.

2.    Среќата доаѓа кога имаш сè што посакуваш

Среќа  не е да немаш повеќе желби, туку да си благодарен за тоа што го имаш. Заради оваа заблуда, луѓето честопати го поминуваат својот живот во очекување на некое големо остварување, наместо да бидат задоволни со тоа што го постигнале.

3.    Болката е нешто што се гледа

Секој има свои битки кои ги преживува, само што некои луѓе тоа подобро го кријат од други. Никогаш не се знае што се случува зад затворени врати и затоа наместо  да се осудуваат другите, подобро е да се занимаваат со нешто што има значење.

4.    Животот има определен начин како треба да изгледа

Треба да ги избегнувате мислите за тоа како би требало да изгледа животот и искрено да го прифатите каков што е. Променете го тоа што можете, а и ставот за тоа што не можете да го промените.

5.    Мораш да бидеш „некој и нешто“

Кога ќе престанете да се споредувате со другите и со визијата за самите себе, која може да биде или да не биде реална, ќе бидете во состојба да го почувствувате вистинското, а не имагинарното спокојство.

6.    Само привилегирано малцинство може да живее голем живот

Ако на секој ден му пристапуваме како да е голем и значаен, пред крајот на животот ќе имаме причина  да погледнеме назад и да помислиме дека сме проживеале голем живот.

7.    Тешките времиња се непотребни

Сите неприлики, па и оние најтешките во животот, се исплатливо животно искуство. Понекогаш човекот мора да се почувствува слаб и немоќен за да може да се почувствува и силен.

8.    Да се биде силен  значи да не се чувствува болка

Во реалноста, најсилни се луѓето кои не само што чувствуваат болка, туку ја прифаќаат и учат од неа, и ја совладуваат со работа.  Храброст е да се пушти солза во вистински момент.

9.    „Фолирањето“ е во ред

Не е во ред, особено кога сте во врска и зборувате повеќе отколку што реално чувствувате. Не кажувајте „те сакам“ пред да почувствувате љубов;  „фала “ пред да почувствувате благодарност и „жал ми е“ пред да почувствувате жалење.

10.    Мечтаењето е изгубено време

Најголемите „подароци“ се невидливи, но се чувствуваат длабоко во човечкото битие. Мечтаењето е една од тие дарови, која му овозможува на луѓето да видат барем мал дел од она што е возможно. Некои работи чекаат да бидат откриени, но потребен им е соодветен мечтател да ги замисли.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот