X
 22.01.2019 Живот

Политиката сама по себе се темели на лаги, измами, омраза и шизофренија

Ерик Артур Блер, попознат како генијалниот Џорџ Орвел, бил новинар, есеист и писател кој стекнал репутација по романите „1984“ и „Животинска фарма“. Иако ги пишувал во далечните 50-ти години, неговите дела денес се поактуелни од кога било.

Ви претставуваме неколку цитати од Џорџ Орвел во кои го предвидел светот во кој живееме денес, а во кои можеби се крие и одговорот на прашањето како да го поправиме.

- Кој го контролира минатото, ја контролира сегашноста. Кој ја контролира сегашноста, ја контролира иднината.

- Војната е мир. Слободата е ропство. Незнаењето е сила.

- Јазикот на политичарите е создаден така што лагите звучат искрено, а убиствата се оправдани. Тие даваат привид на цврстина на чист ветер.

- Во наше време не постои нешто што се вика „да се држи надвор од политиката“. Сите важни работи се однесуваат на политиката, а политиката сама по себе се темели на лаги, измами, омраза и шизофренија.

- Сите животни се родени еднакви, но некои животни се повеќе еднакви од другите.

- Секоја воена пропаганда, сето врескање, лаги и омраза секогаш доаѓаат од луѓе што не се борат.

- Големиот брат те гледа!

- Ако слободата воопшто значи нешто, таа значи право да им кажеш на луѓето нешто што не сакаат да го слушнат.

- Самиот концепт на објективна вистина полека го напушта светот. Лагите влегуваат во историјата.

- Во времето на светска измама, зборовите на вистина се револуционерно дело.

- За да преживеете, неопходно е да се борите, а за да се борите, мора да се извалкате.

- Новинарството е пишување на она што е забрането - сѐ друго е пи-ар.

- Ако сакате слика од иднината, замислете како чизма го гази лицето на човекот... засекогаш!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот