Здружението на американски библиотеки годинава составило листа на книги што се обиделе да ги забранат во американските училишта. Најчестите причини за ваквиот ригорозен чекор било говорењето за хомосексуалнос и непогодноста за возраста, а една од нив и заради тоа што била ‘лошо напишана’.
Листата ги содржи „
Најпредизвикувачките книги“ и пријавите од индивидуалци. Тоа се документирани барања за отстранување на книгите од библиотеките. Погледнете ја листата:
1.
Looking for Alaska од John Green: оваа книга се нашла на листата поради навредливиот јазик и затоа што била сексуално експлицитна и несоодветна за возраста.
2.
Fifty Shades of Grey од E L James: за овој бестселер не е изненадување што се нашол на листата. Причините биле: сексуалната експлицитност, непогодноста за возраста и грижата дека тинејџерите ќе сакаат да го пробаат тоа што ќе го читаат. На страна од овие оправдани загрижувања, една личност побарала забрана затоа што романот бил „лошо напишан“.
3.
I Am Jazz од Jessica Herthel and Jazz Jennings: ова е приказна за животните искуства на Џез Џенинг како некој со женски мозок во машко тело. Книгата се смета за неточна, расправа за хомосексуалност, нуди образование за секс, има религиски аспекти и не е погодна за возраста. Примарно, книгата се наоѓа на листата поради темите за транссексуалноста.
4.
Beyond Magenta: Transgender Teens Speak Out од Susan Kuklin: и за оваа книга има реакции поради темите за транссексуалноста. Таа се смета и дека е против семејството, дека користи навредлив јазик, зборува за хомосексуалноста, едукација за секс, политички и религиски ставови и погледи и не е погодна за возраста.
5.
The Curious Incident of the Dog in the Night-Time од Mark Haddon: ова е книга за аутизмот во детството, но забранета е поради навредливиот јазик, религиските погледи и непогодноста за возраста.
6.
The Holy Bible: американски граѓани побарале и забрана на Светото писмо на основа на првиот амандман од Уставот за слобода на говор кој ја одделува државата од црквата, а тоа значи дека јавните пари што ги користат библиотеките не треба да се користат во име на било која религија.
7.
Fun Home од Alison Bechdel: причините за барање за забрана на оваа книга се графичките слики и насилството. Обидите за забранување постоеле уште од 2006 кога за кратко била тргната од библиотеката кога се направила селекција на материјалот, но повторно се вратила на полиците во 2007.
8.
Habibi од Craig Thompson: оваа приказна за Блискиот Исток било побарано да се забрани поради голотијата, сексуалната експлицитност и непогодноста за старосната група.
9.
Nasreen’s Secret School: A True Story from Afghanistan од Jeanette Winter: ова е приказна за баба од Авганистан која за подобар живот на внуката ја запишува во тајно училиште за девојки. Причините за барање за забрана биле: религиски погледи, непогодност за возраста и насилство.
10.
Two Boys Kissing од David Levithan: од насловот се подразбира дека книгата содржи приказна проткаена со хомосексуалноста како тема, а уште една причина била затоа што го оддобрувала јавното покажување на наклонетост.