Околу 75% од Американците мислат дека програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја претставува критична закана за Америка.
Со оглед на сериозноста на ситуацијата, логично е да мислите дека Американците барем знаат каде се наоѓа Северна Кореја. Но не е така.
Џими Кимел испрати човек на булеварот „Холивуд“ да интервјуира случајни минувачи и да направи анкета за воената акција против Северна Кореја, како и да кажат каде се наоѓа оваа земја на мапата.
Резултатите се прилично разочарувачки.