X
 20.02.2020 Живот

Пронајдена училишна чанта од 50-тите! Како да ѕиркате во временска капсула

Минатата пролет во средното училиште Норт Кантон во Охајо бил откриен импресивен предмет. Во аголот покрај ѕидот, веднаш до шкафчињата, имало мала, црвена чанта покриена со прашина. Тој што ја пронашол сфатил дека чантата му припаѓала на младо девојче и дека е многу стара. Според предметите од нејзината чанта, Пети Румфола одела на училиште во текот на 50-тите и 60-тите година и имала околу 14 години кога ја изгубила чантата.

Чантата содржела различни предмети од животот на Пети, како што се членски картички за библиотека, билети, фотографии и шминка.

Интернет-корисниците се заинтересирале за приказната, па се обиделе да ја најдат Пети преку социјалните мрежи.

Како што извести училиштето, успеале да го најдат семејството на Пети, но дознале дека Пети починала. Петте деца на Пети отишле во училиштето за да ѕирнат во минатото и во животот на Пети како тинејџерка.

1

2

3

4

5

6

7

9

10

11

Извор: Bored Panda
Фото: Facebook

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот