е една од најголемите трагедии на 20 век со само 706 преживеани од вкупно 2224 патници. Но, дури и повеќе од 1 век подоцна на јавноста ѝ се откриваат до сега непознати информации.
Во продолжение прочитајте неколку од најшокантните и фасцинирачки факти за трагедијата од 14 април, 1912 година:
1. Пред првото патување и несреќата, Титаник веќе одзел неколку животи. Околу 250 повредени лица и 2 починати имало за време на изградбата во Белфаст, Северна Ирска.
2. Секој знае дека недостатокот на чамци за спасување е една од најголемите причини за трагедијата. Но, еден ден пред бродот да удри во сантата мраз било планирано да се одржи вежба за патниците и членовите на екипажот. Вежбата била откажана затоа што Каметанот Смит сакал да биде на служба во недела за последен пат. Требало да се пензионира по ова патување.
3. Вечерта кога се случила несреќата службениците не успеале да го најдат двогледот. Всушност, имало смена на екипажот во последен миг, што му го спасило животот на еден човек за сметка на 1500 други. Дејвид Блер бил планиран за втор службеник на бродот, но бил преместен на Олимпија и во брзање го земал клучот од затворената телефонска централа како и двогледот што би можеле да превенираат да се случи несреќата.
4. Во 2012, 100 години по несреќата, шегаџии поставиле двоглед на гробот на Фредерик Флит кој бил на смена да стражари таа вечер со порака „Извини што доцнат 100 години.“ Флит ја преживеал несреќата по што служел како стражар на Океанија, а бил и војник во Втората светска војна.
5. Водата била толку студена што повеќето патници умирале за 2 до 15 минути, но не и Чарлс Џоугин. Бродскиот пекар преживел и по два часа во водата со релативно малку повреди затоа што имал испиено толку многу виски што не го чувствувал студенилото.
6. Првиот филм што ја адаптирал приказната за несреќата бил Saved from the Titanic. Овој нем филм почнал да се подготвува само 5 дена по потонувањето на бродот, а глава улога имала Дороти Гибсон, која и сама ја преживеала несреќата. Дури ја носела и истата облека за улогата.
7. Два други брода биле поблизу до Титаник отколку Карпатија во моментот на потонувањето, но не одговориле на ракетите и СОС повиците. Од Калифорнија виделе светлина на небото и иако екипажот го разбудил капетанот, тој порачал да се игнорира бидејќи одговорниот за безжичната комуникација спиел. Норвешкиот едреник Самсон бил на само 5 до 8 милји оддалеченост, но се верува дека не одговориле на повиците од Титаник затоа што нелегално ловеле на отворено море.
8. Поминале само 37 секунди откако сантата мраз била забележана и додека да удри во Титаник.
9. Титаник имал своја маскота: мачката по име Џени воедно била одговорна и за стаорците. Џени претходно „работела“ на бродот Олимпија.
10. Од околу 9-12 кучиња, само 3 биле спасени. Една патничка, Елизабет Ротшилд, одбила да влезе во чамецот за спасување ако не е дозволено и кучето да дојде со неа. Екипажот се согласил.
11. Четирите оџаци на Титаник дизајнирани да испуштаат чад, пареа, па и пепел, биле лажни. Тие биле изградени за бродот да има луксузен изглед.
12. Титаник имал само 20 чамци за спасување. Ова сепак било легално и во согласност со законите и ако биле соодветно наполнети ќе спаселе 53% од патниците и екипажот. Поради лошата организација и делување, биле спасени само 32% од патниците.
13. 14 години пред трагедијата во 1898 година, Морган Робертсон објавил новела со наслов „Бесценетост“ или „Бродоломот на Титан“. Приказната била за измислен брод што пловел по океанот и удрил во санта мраз.
14. Вајолет Џесоп била стрјуардеса на бродот. Откако ја преживеала несреќата, станала стјуардеса на Британика, што исто така потонала неколку години подоцна. Во 1911 таа патувала со Олимпија кога се судрила со британски воен брод.
15. Семејствата на музичарите што загинале во трагегијата сé уште ги исплаќале униформите на жртвите. За среќа, бил одржан концерт во Њујорк за да се ослободат од овие трошоци.