X
 10.12.2017 Живот

Чудесната планета Земја

Без разлика на тоа колку напреднала технологијата, па можеме лесно да предвидиме и сфатиме некои работи за планетата, сепак има некои забавни факти кои не се толку познати во јавноста.

1. Северниот и јужниот пол се менуваат


Сите знаеме каде се наоѓаат половите, но не сме свесни дека на секои неколку стотини илјадници години се заменуваат? На пример, ако би имале компас пред 800.000 години, тогаш би ви покажал дека северниот пол е на Антартикот. Причина е растопеното железо во земјината кора, но научниците и натаму не знаат зошто тоа се случува.

2. Имаме голема Месечина


Не се мисли на појавата супермесечина. Месечината е еден од најголемите сателити во Сончевиот систем.

3. Најголемата миграција на цицачите е во воздухот

Поголемиот дел од луѓето сметаат дека најголемата миграција на цицачите се случува кај африканските антилопи, но всушност тоа се 10 милиони големи лилјаци кои летаат од Конго до Замбија секоја година.



4. Најголем жив организам е – печурка?

Прво што ни паѓа на ум се китови, слонови. Но, не сме во право бидејќи таа титула ја има печурката „Армилариа“, која се наоѓа во Орегон. Се протега на неверојатни 3,8 километри на планина во Орегон.

5. Некои делови од Земјата изгледаат како да сме на друга планета

На пример, тоа е депресијата Данакил во Етиопија. Топло, суво и ниско место, но сепак се развил живот. Еко системите кои се наоѓаат таму се проучуваат за да им помогнат на истражувачите да дознаат дали има живот на други планети.

6.. Имаме „подводни водопади“

Иако е само илузија и понатаму е спектакуларно да се види подводен водопад на југозападното крајбрежје на државата Маурициус.



7. Под нашите нозе се наоѓаат пештери со кристали

Прва таква пештера е пронајдена во Мексико. Уште една таква е пронајдена во националниот парк Ханг Сон Доонг.

8. Некои облаци се живи

Понекогаш за време на зајдисонцео можеме да забележиме темни облаци кои го менуваат обликот, како да се живи. Тоа е затоа и што се. Ги создаваат јато на птици, а научниците сметаат дека ова се случува зошто птиците бараат место за гнездо или бегаат од предатори.



9. Постои мов што расте во море

Посидонија е растение кое составено од група на морски цветови и е медитеранска. Се смета дека е едно од најстарите живи организми на Земјата.

10. Постои река која кипе

Иако била легенда, реката постои и е сокриена длабоко во Амазонската шума во Перу. Реката не кипе буквално, но температурата и се зголемува на околу 93 степени, заради што е многу опасна.

Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот