X
 03.08.2024 Живот

Трагичната судбина на вистинската Лолита, која го инспирира Набоков да го напише познатиот роман

Приказната што веројатно го инспирирала Владимир Набоков да го напише контроверзниот роман „Лолита“ во 1955 година е приказната за Флоренс Сели Хорнер, која имала 11 години кога била киднапирана од педофил, а потоа држена во заробеништво наредните две години. Сè започнало во 1948 година.

По наговор на нејзините школски другари, Сели украла тетратка од локална продавница во Камден, град во американската држава Њу Џерси. Мажот ја фатил како краде и ѝ рекол дека е во неволја бидејќи бил агент на ФБИ. Но, всушност, тоа бил 50-годишниот механичар Френк Ла Сал, осуден силувач.

Сели се исплашила од неговите зборови и му поверувала. Тој ја пуштил да си оди дома, а таа била среќна што не ја уапсил. На родителите не им кажала ништо за да не ги вознемирува. Но, тоа не било крај на нивните средби.

Ла Сал го нашол училиштето во кое одела Сали и по еден месец од нивниот прв состанок ја чекал пред влезот. Ја натерал да ѝ каже на мајка ѝ дека таткото на нејзината школска другарка ќе ја носи на излет на плажа, што таа го направила. Ја зел со себе и се селеле низ целата земја. Некаде ја запишувал на училиште и велел дека му е ќерка.

sali
Фото: Wikipedia

Сали била во заробеништво речиси две години пред еден од соседите да забележи дека девојчето се однесува чудно. Тој ѝ помогнал да му избега на Ла Сал на 22 март 1950 година. Имено, додека Ла Сал отишол да бара работа, Сели му раскажала сѐ на соседот. Тој ѝ го дал телефонот за да ѝ се јави на постарата сестра. Го добила нејзиниот сопруг, кој потоа се јавил во ФБИ.

Ла Сал бил уапсен, а Сели пред судот изјавила дека ја силувал и ја малтретирал секој ден. За време на судењето, Френк тврдел дека тој ѝ е татко, но таткото на Сели починал кога таа имала шест години. Силувачот бил осуден на затворска казна од 30 до 35 години.

По неколку години откако избегала од својот насилник, Сали загинала во сообраќајна несреќа. Автомобилот во кој се наоѓала удрил во заден дел од камионот. Имала само 15 години.

Критичарот Александар Долинин во 2005 година сугерирал дека е можно Сали и Ла Сал да биле инспирација за ликовите Хамберт Хамберт и Лолита во познатиот роман.

Набоков го напишал романот „Волшебникот“ во 1939 година (речиси десет години пред киднапирањето на Селина), приказна за средовечен златар кој станува опседнат со 12-годишно девојче. Тој успева да се ожени со нејзината тешко болна мајка, а по нејзината смрт го добива старателството над девојчето. Ја носи на одмор и по пат застанува во запуштен провинциски хотел каде што се пријавуваат како татко и ќерка. Новелата беше скица за романот „Лолита“, но постои можност Сели да станала делумна инспирација.

Во секој случај, Набоков бил свесен за киднапирањето на девојчето Сали бидејќи во поглавјето 33 од „Лолита“ пишува: „Дали можеби ѝ го направив на Лолита она што Френк Ла Сал ѝ го направи на Сали Хорнер?“

Врз основа на познатиот роман се снимени два филма. Во оној од 1962 година во режија на Стенли Кјубрик играат Џејмс Мејсон, Шели Винтерс, Питер Селерс и Сју Лион, додека верзијата од 1997 година ја режира Адријан Лин, кој главните улоги им ги довери на Џереми Ајронс и Мелани Грифит.

Извор: Lola Magazin
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот