X
 13.10.2016 Живот

Едноставен начин како да препознаете психопат

Ако некогаш ви затреба, а не сте квалификуван психијатар, постои еден едноставен начин да препознаете потенцијален психопат.


Зевање


Кај луѓето со психопатски тенденции помала е веројатноста дека ќе се прозеваат кога ќе видат некој што зева во нивна близина, открила една неодамнешна студија.

Оваа особина е поврзана со емпатијата, карактерситика што отсуствува кај психопатите.

Брајан Рандал, авторот-предводник на студијата објавена во Personality and individual differences, напишал:

„Не треба да се земе здраво за готово лекцијата дека некој е психопат ако не се прозева кога ќе ве види вас како зевате.

Многу луѓе не го прават тоа, а и ние не би се прозевале како „одговор“ на зевањето на некој непознат со кого немаме никакви емпатични врски. 

Но, откривме дека во сето тоа постои некоја невролошка поврзаност, некое преклопување меѓу психопатијата и зараното зевање.

Оваа е одлична стартна позиција за да се отворат многу прашања во врска со ваквата појава.“


Ако овој тест не функционира, д-р Даниел Бодужек од унивезритетот Хадерсфилд состави 20 прашања што можат да нè доближат до одговорот на дилемата.

Прашањата се конципирани така што да го измерат степенот на согласност на луѓето со изјавите:

-    Знам како да пофалам некој за да извлечам нешто од него;
-    Понекогаш на луѓето им го кажувам тоа што сакаат да го слушнат, со цел да извлечам нешто од нив;
-    Умеам да предвидам како некој би се чувствувал;
-    Умеам да предизвикам грижа на совест кај некого.

Од оговорите може да се проценат психопатските тенденции врз основа на степенот на егоизам на одговарачот, тврди д-р Бодужек.

Ако сè се врти околу нив, тоа би можело да биде индикатор за психопатски недостаток од емпатија.  
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот