„Hare Psychopathy Checklist-Revised“ е алатка што се користи за професионален пристап до случаи на психопатија. Листата е опишана како најдобар предвидувач за насилно однесување.
Листата е креирана од психологот д-р Роберт Д. Хер од Канада во 70-тите години. Постојат 20 критериуми според кои може да се утврди дали некој е психопат. За секоја компонента се поставуваат оцени, и тоа 0 за негативен одговор, 1 за повремена појава на напишаниот критериум, 2 за потврден одговор. Бројките се собираат и доколку резултатот е 30 и над 30, тогаш најверојатно се работи за психопат.
Ова се критериумите:
- Дали зрачите со сјај и површен шарм?
- Дали имате грандиозна процена за себеси?
- Дали имате постојана потреба за стимулација?
- Дали сте патолошки лажго?
- Дали сте лукави и манипулатори?
- Дали имате недостиг од каење и вина?
- Дали имате плитко и површино сочувство?
- Дали сте бездушни и имате недостиг на емпатија?
- Имате ли паразитски начин на живот?
- Дали имате слаба контрола над однесувањето?
- Дали сте сексуално промискуитетни?
- Дали порано сте имале проблеми со однесувањето?
- Имате ли недостиг од долгорочни и реални цели?
- Дали сте премногу импулсивни?
- Дали сте неодговорни?
- Дали одбивате да преземете одговорност за своите дела?
- Дали сте имале повеќе краткотрајни брачни врски?
- Дали имате историја во малолетничка деликвенција?
- Дали сте искусиле условна казна?
- Дали сте покажувале криминална различност?
Интересен податок е тоа што според најнова студија, Доналд Трамп и Хилари Клинтон имале прилично високи вредности на анализите за
психопати.