X
 13.10.2016 Живот

Одлучила да го „оживее“ мртвиот другар



Кујда и нејзиниот мртов пријател


Руската прорамерка Евгенија Кујда не можела  да го прифати фактот дека мора засекогаш да се раздели од  својот близок пријател Роман Мазуренко, уметник и програмер, кој го загубил животот во сообраќајна несреќа во Москва. По неговата ненадејна смрт во ноември минатата година, Кујда ги искористила компјутерските алатки за изработка на апликации со цел текстуалните пораки што ги разменувале со Мазуренко, да ги претвори во говор.

Преку 8000 пораки што ги собрала од повеќе извори, Кујда направила дигитална верзија на својот пријател во апликацијата Лука, во мај оваа година. Сега, корисниците на оваа апликација можат да разговараат со Мазуренко.

Роман Мазуренко бил роден во 1981 година во Белорусија. Поголемиот дел од младоста го поминал како активист, студирал информатика, потоа се посветил на патувања, па се доселил во Москва, каде што ја запознал Евгенија. Заедно со двајца пријатели основал неколку списанија, еден музички фестивал и учествувал во отворање на неколку ноќни клубови во Москва. Според Евгенија, бил „брилијантен, харизматичен и амбициозен“, и станал „најзначајната појава во ноќниот живот во Москва“, пишува магазинот Верге. Се истакнал како олицетворение на алтернативата на Путиновиот гламур.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот