X
 21.04.2019 Живот

Необичниот пријател на едно село во Германија

Мачките се познати по тоа што сакаат да излегуваат надвор и да талкаат, а пак кучињата често се губат. Но, во Франкфурт, во областа Фехенхајм, жителите се навикнати на еден поинаков вид милениче - кобилата Џени. Белата кобила секое утро се шета низ улиците поминувајќи ја истата рута, сосема сама. За луѓето што не се запознаени со ова животно, таа носи картичка на која пишува: „Се викам Џени, не сум бегалец, само сум на прошетка. Благодарам“.

2

Џени секојдневно оди на прошетка низ градот во последните 14 години бидејќи нејзиниот сопственик, 79-годишниот Вернер Вајшедел, повеќе не може да ја јава. Секое утро старецот ѝ ги отвора портите и таа слободно шета низ патиштата по кои некогаш заедно јавале. Таа ја прави истата рута 8 пати на ден пред да се врати дома за ручек.

1

3

Мештаните се навикнаа на Џени, па така постојано ја очекуваат и уживаат кога ја гледаат како шета. И покрај загриженоста на некои пешаци, портпаролката на полицијата, Изабел Нојман, вели дека кобилата не претставува опасност.

4

Џени има пријатели насекаде, дури и на железничката станица. Возачот ја знае кобилата и постојано ја поздравува. Некои луѓе на социјалните мрежи ја критикуваа слободата на Џени велејќи дека е невнимателно и лошо за нејзината безбедност и за безбедноста на луѓето на патиштата. Но, нејзиниот ветеринар Марен Хелиге вели дека кобилата е релаксирана и задоволна. Според полицијата, во текот на 14 години досега воопшто немало никакви инциденти.

5

6

7
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот