X
 06.04.2018 Здравје

Како стресот да ни стане пријател?

Стресот ќе нè убие, ова веќе сите сме го слушнале. Но, дали нашите ставови за стресот се поштетни од самиот стрес? Како стресот да ни стане пријател?

Стресот прави нашето срце нерамномерно да чука, дишењето се забрзува и челото се поти. Но, додека стресот е непријател број еден на јавното здравје, новите истражувања покажуваат дека може да биде лош само ако верувате дека е така. Психологот Кели Мекгонигал нè советува да гледаме на стресот како на позитивно нешто и да се запознаеме со механизмите за намалување на стресот: разговор, зближување и отворање пред другите.

Во ова видео Кели ќе нè прошета низ неколку нови студии за стресот и нашето здравје. Ќе ги објасни нивните импликации на нашиот секојдневен живот. Се надеваме дека ќе бидете охрабрени да размислувате поинаку следниот пат кога ќе почувствувате притисок на работа.



Можеби ќе дознаете како стресот да го направите ваш пријател.

Стресот често се смета за негативен и штетен фактор, кој не само што може да го уништи добриот ден туку може и да го скрати вашиот животен век. Но, што ако ова е само еден дел од сложувалката?
Иако треба да се грижите за екстремниот или хроничен стрес или долготрајната анксиозност, не плашете се од повремениот бран на стрес. Ова е нешто како кревање тегови, при што со текот на времето ги зајакнуваме мускулите. Изградете свој мускул за стрес така што ќе преземете контрола и на ситуацијата што ви предизвикува вознемиреност ќе ѝ пристапите како на предизвик, а не како на товар. Со текот на времето тоа би можело да ве направи посилни во справувањето со стресот, а може дури и да ви помогне да живеете подолго. Ете како стресот може да стане наш пријател..
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје