X
 14.10.2016 Живот

Зошто е тешко да се чуваат белите ајкули во аквариум?

Низ светот постојат неколку аквариуми, вклучувајќи еден во Џорџија, во кои се чуваат кит-ајкули, најголемите морски риби. Но, ниеден од нив досега не ги изложил огромните ајкули за посетителите. Од 1970-години, аквариумите направиле неколку обиди да изложат заробени бели ајкули. Повеќето од обидите завршиле со смрт на овие риби. До 2000 година, единствен што продолжил да пробува бил Monterey Bay Aquarium, кој посветил деценија планирајќи програма за белите ајкули. Во 2004 година, аквариумот добил ајкула, единствена од бел вид која успеала да издржи повеќе од 16 дена во заробеништво. Всушност, таа беше изложена подолго од шест месеци, пред да биде вратена во океанот. Во наредните пет години, Monterey Bay Aquarium вдомил уште пет младенчиња од видот голема бела ајкула на привремен престој до крајот на програмата во 2011 година. Потегот беше оценет како прескап напор, дополнително оцрнет заради повредите со кои се здобиле рибите додека биле во резервоарот. Директорот Џон Хоек, како одговор на критиката, го кажа следново: „Силно веруваме дека соочувањето на луѓето со живи животни е многу значајно за будење на свеста за заштита на океаните и доближување на луѓето до животната средина во големите води. Сметаме дека белите ајкули ги демне сериозна закана во нивната природна средина, а наша цел е да ги охрабриме луѓето да станат надзорници на океаните.“

Погледнете го видеото во прилог, за да научите зошто е тешко да се чуваат белите ајкули во заробеништво и како беше осмислена програмата на Monterey Bay Aquarium за да ги одржи живи.


 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот