На почетокот од 2020 година малкумина можеа да предвидат дека нашите социјални календари ќе се состојат само од зум-повици. Но, никој не би претпоставил дека највозбудливиот разговор може да е краток видеоповик со група анксиозни јагули.
Откако поради пандемијата се забрани посетата на
зоолошките градини и аквариумите, многу чувари на животните овозможуваат онлајн-тури. Од пингвините во Чикаго до кученцата во Атланта, на многу луѓе им е разубавен денот со овие тури во време кога сите сме под стрес и социјално се дистанцираме дома.
Истото се случува и во аквариумот „Сумида“ во Токио, кој сега има потреба од виртуелни посетители за да помогнат во грижата за животните на неконвенционален начин. Во дивината, градинарските јагули имаат тенденција да живеат во големи колонии во топлите води низ целиот свет, од Индо-Пацификот до Карибите. Прекрасните јагули обично сакаат да влегуваат до дното на песокот во нивните живеалишта и да им се појавуваат на минувачите.
Фото: Pixabay
Ако се чувствуваат доволно удобно, градинарските јагули ги истегнуваат своите тела, поради што нуркачите некогаш ги мешаат со растенија што растат на океанскиот под. Единствениот проблем е што луѓето не поминуваат, па јагулите се одвикнуваат од присуството на човекот и почнуваат да се кријат кога чуварите се во близина на нивните аквариуми.
Затоа „Сумида“ почна да одржува „Фестивал на покажување на лицето“. Идејата е со видеоповик да им се помогне на анксиозните јагули да се навикнат на човечкото лице и глас за да се ресоцијализираат.
Во периодот од 3 до 5 мај петмина имале можност да разговараат со јагулите од 10 до 14 часот.
Посетителите беа охрабрувани да ги тресат главите и да го покажат нивното лице одблизу, но било побарано да се воздржат од гласно плачење.
Доколку иницијативата е успешна, јагулите нема да бидат под толкав стрес кога ќе се вратат посетителите на аквариумот. Во меѓувреме, чуварите на аквариумот полесно ќе можат да видат како се чувствуваат јагулите.