Даниел Јанг се претставува како стручњак за пица, кој за италијанскиот специјалитет научил од Енза Чоче – пица мајстор од Неапол.
Даниел тврди дека начинот на кој ја држиме пицата за кората, е потполно погрешен. Впрочем, ако јадете традиционална италијанска пица од Неапол, филот ќе Ви се лизне во чинијата, а на тестото ќе остане само сосот од домати.
Пицата треба да ја „здиплите“ и да изгледа како паричник
Кој е правиот начин да се држи пицата? Пицата треба да ја превиткате за да изгледа како паричник, а така се служи и на улиците на Неапол. Целата пица се преклопува на пола, па на четвртина, парчето се витка во крпа и потоа се консумира. На тој начин состојките нема да останат во чинијата.