Научниците од Вашингтон, во најновото истражување потврдуваат дека најголемата причина за смрт во светот е предизвикана со лошата и нездрава исхрана.
Истражувањето спроведено од научниците од Институтот за медицински проценки и метрика на Универзитетот во Вашингтон, испитувало 79 различни фактори - од пушење цигари и консумирање на сокови преполни со шеќери, до загадување на воздухот и водата во 188 земји низ целиот свет, во периодот од 1990 до 2013 година.
На глобално ниво се покажа дека бројот на луѓето кои умираат од различни фактори кои научниците ги испитувале со истражувањето од 25.1 милион во 1990 година, се искачил на 30.8 милиони во 2013 година. Сепак, истражувањето покажало дека дури 14 фактори се поврзани со лошата исхрана - како што е претераното консумирање на сокови со шеќери и црвено месо, како и нередовно консумирање на интегрални житарици и овошје - со што лошата исхрана сочинува 21% од сите причини за смрт во светот во 2013 година.
Ова истражување го поддржуваат и голем број други истражувања кои покажале дека консумирањето на храна со многу сол, шеќер и масти предизвикува висок крвен притисок и дебелина, што може да доведе до срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес.
Високиот крвен притисок е број еден ризичен фактор и најголемата причина за смрт кај мажите и жените низ целиот свет. Бројот на смртни случаи предизвикани од болеста се искачи на 10.4 милиони во 2013 година, што е скок од 50% во однос на 1990 година.
Резултатите се катастрофални иако СЗО постојано ги повикува луѓето да го намалат консумирањето на солта - што е клучен фактор кај појавата на високиот крвен притисок. Затоа, авторите на истражувањата, во својата работа повикуваат на посилен и покохерентен одговор од луѓето.
Алкохолот е 10-ти по ред ризичен фактор кај мажите
Стапката на смртност предизвикана од високиот притисок е еднаква и кај жените и кај мажите, но другите фактори се разликуваат во однос на полот. На пример, пушењето е вториот највисок ризичен фактор кај мажите, а во 2013 година убило скоро 4.4 милиони.
Кај жените пушењето е дури шеста причина за срмт, а во 2013 година убило 1.4 милиони. Тука еи алкохолот, кој кај мажите е десетти ризичен фактор и причина за смрт, а за жените не претставува значен проект.
Со здравата исхрана може лесно да се подобри здравјето
Она што е посебно впечатливо кај резултатите од ова истражување е дека сите ризични фактори можат лесно да се избегнат. Денес малку потешко може да се избегне пиењето загадена вода и вдишувањето загаден воздух, но лесно може да се прескокне нездравиот оброк и брзата храна и може да се замени со здрав и комплетен оброк во форма на житарици, овошје и зеленчук.
„Постои огромен потенцијал за подобрување на здравјето, преку избегнување на одредени ризици, како што се пушењето и нездравата исхрана, како и решавањето на еколошките проблеми како што е загадувањето на воздухот. Но, вистински предизвик е да се искористат сите знаења кои ги имаме за да го зајакнеме спречувањето на проблемите“, вели Кристофер Муреј, директор на Интистут за здравствена проценка и метрика.