Кинезите, како и останатиот азиски народ, наместо лажици, вилушки и ножеви, како прибор за јадење користат стапчиња. Но, како дошло до тоа? Зошто Кинезите јадат со стапчиња?
Постојат многу легенди кои зборуваат за настанувањето на стапчињата за јадење во кинеската традиција, а за тоа што е всушност вистина, голем број историчари не можат да се сложат.
Како прибор за јадење, стапчињата се појавиле за прв пат некаде меѓу 16 и 11 век пред новата ера, за време на династијата Шанг во Кина. Причината поради која за брзо време биле прифатени во Кина, а наскоро и во поголемиот дел од Азија, поради лесната изработка и едноставното раководење.
Според зборовите на францускиот социолог и антрополог Жан Пјер Пулен, користењето на стапчињата за јадење претставува еден вид на изразување на финост и софистицираност. Спротивно од тоа е начин на кој некогаш се јадело ширум Европа.
Имено, на европскиот пазар храната се сечела со оружје, со што се сакало да се покаже на кој начин аристократијата дошла на власт во државата, а тоа е насилство.
Во Кина се сметало дека ладното оружје (мислеле дека ладно оружје е ножот и вилушката) не е место на масата кадешто се јаде. Одредено „насилство“ морало да се одигра, но тоа се случувало во кујната кадешто се сечеле намирниците не само поради практични причини - за полесно да се јадат со стапчиња, без вилушки и ножеви, но и да се избегне ситуација во која гостите пред себе да не гледаат убиено животно.
Една легенда вели дека стапчињата ги измислил кинескиот цар Ју Велики кој се плашел дека ќе биде убиен, па забранил употреба на вилушки и ножеви, а кога еднаш бил доста гладен и не можел да чека јадењето целосно да се олади за да може да јаде со рацете, тој исекол две гранчиња и со нив се послужил како прибор за јадење.
За оние кои ја совладале техниката на јадење со стапчиња, тие можат да бидат особено корисни доколку се употребуваат редовно - преку користење на стапчињата се користат повеќе од 30 зглобови и 50 мускули на прстите, дланката и раката.