X
 17.10.2016 Наука

Каде на светот врне најмногу дожд?

Светската метеоролошка организација ги евидентира врнежите на Земјата од далечната 1851 година. Оттогаш селото Мавсинрам сместено областа Мегалаја во Индија, се води како место со најмногу врнежи на светот.

луѓе со чадори


Просечната количина на врнежи годишно е 11.872 милиметри, речиси 12 метри. Мавсинрам го држи рекордот и за најголема количина дожд во период од 12 месеци, која изнесува 26.470 милиметри (од август 1860 до јули 1861 година). Според статистиките, најмногу врнело во 1985 и тогаш се забележани 23.818 милиметри дожд, а најсушна година била 1980 со 6.195 мм.
За најсушно место на светот според Светската метеоролошка организација, се смета Акира во Чиле со 0,75 милиметри врнежи на годишно ниво.

Иако за сега важат овие статистички податоци, не е исклучено со климатските промени да се соборат овие рекорди или други места во светот да станат препознатливи по екстремните количини дожд или долгите суши.
Подготвил: М.Д.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука