X
 07.02.2020 Живот

Голем дел од Австралија под вода, дождот ги изгасна пожарите

Голем дел од источниот брег на Австралија, кој беше зафатен од пожарите, денеска е под вода, по обилните врнежи од дожд.

Дождот, кој наврна во најголема количина во последните 20 години, изгасна дел од најопасните пожари.

Сепак, поради силните врнежи, во некои делови на Нов Јужен Велс постои ризик од поплави и лизгање на земјиштето.

Комесарот на противпожарната служба, Шејн Фицсимонс, рече дека е оптимист дека дождот ќе помогне да се изгаснат повеќедневните пожари.

- Нема сомнеж, дождот е добар за земјоделството, но и за гаснење на пожарите со кои сме соочени со месеци - рече Фицсимонс.

Дождот го намали бројот на активни пожари во Нов Јужен Велс за 20 во еден ден.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот