X
 22.08.2022 Наука

Кина ќе поттикнува дожд со помош на хемикалии

Кинескиот министер за земјоделство Танг Ренџијан најавил дека властите ќе се обидат да ја заштитат годинашната жетва на пченица од рекордните суши предизвикувајќи облаци и дожд со помош на хемикалии.

Министерот додал дека наредните десет дена се клучни за заштита од евентуална штета на оризот на југот на Кина.

- Властите ќе преземат вонредни чекори за да ја осигурат есенската жетва на житарици. Ќе се обидеме да го зголемиме дождот со создавање облаци со помош на хемикалии и ќе ги прскаме земјоделските култури со агенс кој ја задржува водата за да се ограничи испарувањето - изјавил Ренџијан.

Кина се соочува со најтоплото и најсушно лето откако почна да ги регистрира податоците пред 61 година.

Минатата седмица некои фабрики во провинцијата Сечуан биле затворени за да се заштеди енергија за домаќинствата додека температурите надминале 45 Целзиусови степени.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука