X
 17.10.2016 Технологија

Му се заканува сериозна конкуренција на Viber?



Chat


Компанијата Google ја лансирала новата апликација за допишување, Allo. Станува збор за апликација на која вештачката интелигенција ѝ е главна предност во однос на конкуренцијата.

Allo е достапна за Android и iOS, а Google ја најавиле на почетокот од годинава на својата I/O конференција. Апликацијата е комбинација од најдоброто на Google, а тоа се можностите за предвидување и брзо пребарување, што овој пат се комбинирани со личен помошник (assistant).

На прв поглед, Allo потсетува на другите апликации за допишување, какви што се Viber и WhatsApp. Корисниците се пријавуваат со бројот од мобилниот телефон, а потоа апликацијата ги скенира контактите и ги пребарува луѓето кои ја користат.

Покрај текстуалните пораки, корисниците можат да разменуваат и звучни пораки, фотографии, локацијата каде што се наоѓаат. Allo содржи и различни колекции стикери, што разговорите со пријателите ќе ги направат живописни. Но, ништо од наведеното не е главната причина зошто да ја користите Allo.

Она што ја прави посебна апликацијата Allo е споменатата вештачка интелигенција што се активира на копчето Smart replies. Во текот на разговорот, апликацијата ги следи одговорите на поставените прашања, за да може во иднина да ви ги препорачува пред да почнете да ги одговарате. 

На пример, ако некој ве праша како сте си поминале викендот, Allo ќе ги понуди одговорите од типот „добро беше“, „забавно“ и сл. Споменатата опција, Google ја комбинирал со препознавање на фотографиите, така што Allo ќе може да ви „нуди“ одговори и на фотографиите.

Корисниците на Allo ќе можат да користат и Google Assistant, бот со кого ќе можат да се допишуваат, да му поставуваат прашања, да резервираат летови, место во ресторан итн. Од Google напоменуваат дека нивниот Помошник сè уште е во рана фаза на развој и дека со текот на времето ќе напреднува и ќе се усовршува.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија