X
 12.09.2024 Култура

Ова се земјите што објавуваат најмногу книги

И покрај порастот на другите форми на дигитална забава, индустријата за книги сè уште расте.

Се предвидува дека издавачката индустрија ќе порасне за 19,37 милијарди долари помеѓу 2023 и 2028 година.

Графиконот во продолжение го визуализира бројот на книги објавени според бројот на Меѓународни стандардни броеви на книги (ISBN, единствен идентификатор на производот за каталогизација и следење на продажбата на книги) регистриран во 2022 година за најдобрите земји во секој глобален регион.

Податоците доаѓаат од Меѓународната асоцијација на издавачи и опфаќаат 76 земји-членки на ИПА, кои сочинуваат околу 80 отсто од светската популација.

книги
Фото: Visual Capitalist

Кои земји објавуваат најмногу книги, по региони?


Кога станува збор за земјите од Африка, на прво место се најде Нигерија (14.392), а зад неа се Тунис (3.143) и Гана (2.000).

Во Азија, земја која најмногу објавува книги е Јапонија (902.311), потоа Јужна Кореја (338.237) и Индија (281.091). Кога станува збор за Европа, земја која објавува најмногу книги е Германија (277.000), па Велика Британија (153.167) и Италија (139.970).

Кај земјите од Латинска Америка и Карибите, на прво место се најде Бразил (179.042), па Аргентина (35.500) и Колумбија (20.840).

САД ги предводат земјите од Северна Америка со 3.279.217, а зад нив се Мексико (27.534) и Канада со 21.105.

Во Океанија најголем објавувач на книги е Австралија (31.708), а зад неа е Нов Зеланд со 2.475.

САД се убедливо најголемиот пазар на книги во светот, регистрирајќи речиси четирипати повеќе ISBN од второпласираната Јапонија во 2022 година. Исто така, САД се дом на некои од најголемите издавачи во светот: „Пенгуин рандом хаус“, „Хачет“, „Харперколинс“, „Макмилан“ и „Сајмон & Шустер“, познати како големата петорка во светот на издаваштвото. Големата петорка контролира над 80 отсто од пазарот на книги во САД.

Јужна Кореја има најголем број издавачи од сите земји, со 75.324 издавачи во земјата. Во 2023 година забележителен тренд на корејскиот издавачки пазар беше порастот на популарноста на книгите за самопомош.

Извор: Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура