X
 04.04.2019 Живот

Во Словенија се гради кула со тобоган долг 40 метри

Прошетката по облаците завршува со спуштање со тобоган долг 40 метри, а се очекува овој проект да заврши летово.

Во Словенија наскоро ќе заврши изградбата на проектот што нуди уникатна можност за сите љубители на природата.

1
Фото: Zážitková Akademie (ZAK)

Архитектот Јозеф Штогер во соработка со европските експерти од „Зажиткова академија“ (ЗАК) создал проект што туристичката понуда на Рогла, Зрече, буквално ќе ја подигне на повисоко ниво.

ЗАК потпишува слични проекти во Чешка и во Словачка. Ако нема никакво неочекувано одложување, отворањето е закажано за крајот на јули. Првиот дел од патеката ќе биде долг околу 560 метри и висок 20 метри, а ќе води до кула висока 35 метри со дополнителна патека од 400 метри.

3
Фото: Zážitková Akademie (ZAK)

Се планира и тобоган што ќе овозможи забавен спуст, со должина од 40 метри од кулата до патеката. Освен забава, кулата ќе има и едукативна улога, а посетителите ќе можат подобро да се запознаат со природните и различните атракции на регионот.

Назима туристите доаѓаат во Рогла на скијање. Одењето по длабокиот снег со специјална опрема нуди можност да уживате во снежната покривка во друштво на водичи.

3
Фото: Zážitková Akademie (ZAK)

6
Фото: Zážitková Akademie (ZAK)
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот