X
 19.05.2022 Економија

Се бараат сезонски работници во Хрватска, платите стигнуваат до 4.600 евра

Платите за сезонски работници во Хрватска вртоглаво растат, пишува хрватски „Дневник“. Недостигаат работници, а највисоки се платите за готвачи и келнери. На огласите за овие две професии се нудат плати и до 35.000 куни, што е околу 4.600 евра.

Платата од 35.000 куни за готвач се нуди во оглас од далматински ресторан. На Истра се бараат повеќе готвачи за нето-плата од 3.000 евра.

Меѓутоа, според експертот за кулинарство Драган Вишковиќ, платата зависи од времето и барањата на работното место. Но оваа работа бара долготрајно вложување и знаење, посочува тој.


Фото: Pixabay

Недостигот на готвачи е последица на повеќе фактори, меѓу кои и ниските плати во минатото, според готвачот Амел. Затоа, некои хотелиери со време бараат квалитетен кадар и ги зголемиле платите за летниот период. Некои хотели доделуваат и бонуси за готвачите што ќе работат максимален број работни часови.

Почетните плати за готвачите се движат од 10.000 до 20.000 куни, а оние за келнерите почнуваат од 7.000 куни. Просечната нето-плата во Јадранскиот Регион за работни позиции поврзани со угостителството од јули до септември изнесува околу 6.000 куни.

Извор: Dnevnik
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија