Спроведен во 1971 година, „Stanford Prison Experiment“ (SPE ; Експериментот во Стенфорд затворот) стекнал мистичен статус и е инспирација за најмалку два долгометражни филмови. Филип Зимбардо, водечкиот истражувач на експериментот, вели дека лекцијата научена од експериментот е дека во одредени ситуации, добрите луѓе се трансформираат во лоши.
Овој експеримент бил критикуван во 70-те, но критицизмот ескалира во изминатите години. Новите појавени детали покажуваат дека Зимбардо играл клучна улога во охрабрувањето на неговите „чувари“ да се однесуваат тирански. Критичарите потенцирале дека само една третина од чуварите се однесувале садистички. Прашања се покренале и во врска со селекцијата на одредени типови на личности во студијата.
Во 2002 година, психолозите Стив Ричер и Алекс Хаслам ја спровеле студијата „BBC Prison Study“ за да ја тестираат конвенционалната интерпретација на експериментот на Зимбардо. Истражувачите намерно го избегнале начинот на водење на нивните учесници, како што правел Зимбардо, и овојпат затворениците всушност формирале силна индивидуална група и ги отфрлиле чуварите.
Експериментот (SPE) е спроведен за да се објаснат злосторствата од модерното време, а близу два милиони студенти се вклучени во воведни курсеви по психологија во САД. Согласно со тоа, професорот Ричард Григс од Универзитетот во Флорида вели дека „е особено важно покривањата на овие работи во текстовите да биде прецизно и точно.
Па дали важноста на критикувањето и интерпретациите на SPE е документирана од страна на клулните психолошки учебници? Григс ја анализирал содржината на 13 водечки американски учебници кои се вовед во психологијата. Во 11 од нив споменат е експериментот од Стенфорд затворот, со покриеност од еден до седум параграфи. Девет од нив пак, биле објаснети и со фотографии. Пет учебници воопшто не содржеле критика кон експериментот. Останатите шест содржеле само примарен критицизам, главно фокусиран на сомнителната етика во студијата. Само во два текста е спомената студијата на BBC. Само еден текст понудил формален школски осврт на критики на SPE.
Се поставува прашањето: Зошто основите на психологијата во учебниците, барем во САД, на големо го игнорираат широкиот опсег на важни критики упатени кон експериментот?
Професорот Григс не им пришол на авторите на текстовите, па не може да знае за сигурно. Смета дека е малку веројатно игноранцијата да е одговорот. Можеби авторите се убедени во одговорите на Зимбардо упатени кон неговите критичари, но сепак, критиките мора да бидат споменати и образложени, вели Григс. Друга опција е дека можеби авторите на учебниците се под притисок во смисла на кратење на своите текстови, но сигурно се и под притисок за нивните текстови да бидат во тек со времето кога се пишувани.
Интересно е ако се направи споредба на текстовите во европските учебници кои се осврнуваат на овој експеримент. На пример, британските учебници се насочени кон образложување на критиките кои се упатени кон експериментот.
Советот на Григс за авторите на учебниците е да го насочат покривањето на експериментот во делот за истражувачки методи, а не во делот на социјална психологија. Маните во експериментирањето да ги објаснат на студентите како клучни проблеми - еколошка важност, етика, карактеристики на побарувачката и последователни конфликтни резултати. На крајот, експериментот и критиките упатени кон него се цврста тема во која се вплеткни бројни истражувачки концепти и се трансформираат во „добра приказна“ која не само што ќе го подобри учењето на студентите, туку ќе ги натера и критички да размислуваат во врска со истражувачкиот процес и сите можни замки и недостатоци долж самиот процес, вели Григс.