X
 19.02.2022 Живот

Како да се ослободите од лицата што постојано се жалат?

Секој од нас сака да им помогне на најблиските кога имаат некој проблем. Се поставуваме во улога на психолог и советник кој се труди да најде решение и да ја орасположи другата личност што има проблем. Меѓутоа, постојат луѓе кои постојано имаат проблеми. Некои од нив се реални, но некои се измислени.

Се чини дека тие луѓе наоѓаат причина да им се жалат на другите, а ништо не преземаат за да си го подобрат животот.

По дружењето со нив имате чувство дека ви е потребен одмор и сакате да се изолирате од сите други луѓе. Жалењето ве заморува и со тоа лицето ви ја пренесува негативната енергија.

Голем дел од овие луѓе го користат жалењето како средство за манипулација, прават да ги сожалуваме и се однесуваат како да се зависни од нашиот совет. Затоа, многумина чувствуваат грижа на совест за да им помогнат на овие луѓе. Кај емпатичните луѓе особено се развива чувство на вина доколку не се помогне.


Фото: Pixabay

Меѓутоа, кога ќе потпаднеме под нивно влијание, почнуваме да ги доживуваме нивните проблеми како сопствени, што ни ја одзема енергијата. Истовремено, нервозата и вознемиреноста растат, а расположението се намалува.

Во ваквите ситуации неопходно е еднаш да се пресече и да се разбере дека проблемот не е во ситуацијата, туку во личноста. Најдобро е да се држи одредена дистанца од таквите луѓе, а кога ќе почнат да се жалат, обидете се да ги игнорирате.

Треба да бидете искрени и да им кажете дека проблемите за кои се жалат се многу помали отколку што тие мислат и дека проблемите си ги создаваат самите. Не треба да бидете достапни за нив постојано бидејќи ваквите луѓе ќе го искористат тоа.

Извор: Studenti
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот