X
 17.01.2018 Живот

Пцујат, викаат, навредуваат: Зошто луѓето бладаат во сон?


Човек спие на кауч, покриен преку глава
(Фото: Pixabay)


Лицата што страдаат од нарушувања на сонот многу често кажуваат навредливи и лоши зборови, покажа студијата што беше изведена во Франција.

Истражувањето, кое беше објавено во „Live Science“, покажа дека луѓето во сон четирипати почесто го изговараат зборот „не“ во споредба кога се будни, а пцостите ги користат 800 пати почесто.

Од учесниците што страдаат од нарушувања на сонот, околу 230 лица се согласиле да им бидат анализирани периодите на спиење, како и речникот што го користат додека бладаат, периодите на тишина, гласноста на говорот, љубезноста и насилниот речник.

59 проценти од испитанците не зборувале разбирливо и главно се работело за невербално и неразбирливо мрморење, шепотење или смеење.

Кај другите што зборувале поразбирливо искажаното главно било со агресивна содржина. Околу 24 проценти од говорот бил со негативна содржина, 22 процента користеле навредлив јазик, а речиси 10 проценти го изговарале зборот „не“ во некаква форма. За споредба, додека сме будни, „не“ се изговара во околу 2,5 процента од изговорените зборови.

Еден од најчестите зборови бил пцост „е..м“ и се појавувал во 2,5 проценти од времето на траење на говорот, додека во будна состојба претставува само 0,0003 проценти од зборовите што ги изговараме.

Се поставува прашање зошто сме толку негативни. Една од теориите, која се потпира врз еволуциската цел на сонувањето, тврди дека тие се само симулации кои им помагаат на луѓето да се подготват за заканите што може да им се случат кога се будни. Интересно е што говорот во сон бил граматички точен и ги следел обрасците на секојдневниот говор.

Доктор Карл Базил, директор на Отсекот за спиење и епилепсија на Универзитетот „Колумбија“, вели дека резултатите покажуваат дека говорот во текот на спиењето е многу посложен од очекуваното и дека ја поддржува идејата дека постои „виша функција на мозокот“ во текот на сите фази од сонот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот