X
 21.10.2016 Економија

Победија студентите! Младоста и ентузијазмот, креативноста и знаењето го движат светот!

Со поставување на младите како движечка креативна, образована и прогресивна сила, оваа година Штедилница ФУЛМ, го прослави вчерашниот ден, 20 октомври 2016 година, токму со и меѓу младите, на Економскиот факултет во Скопје при УКИМ, промовирајќи ги принципите и придобивките од кредитните унии, особено принципот на континуирана едукација.



Оваа година, темата на Меѓународниот ден на кредитни унии (ICU day) е „Автентичната разлика“.

"Вистинско време е да кажеме и да се потсетиме што е она што ги прави кредитните унии навистина уникатни. Вистинско време е да се подигне свеста за привилегиите и придобивките од кредитните унии и особено оваа година е вистинско време за младите и за студентите!"
- изјавија од ФУЛМ.

Овој настан покажа дека младоста, ентузијазмот, знаењето и креативноста го движат светот. Кулуминација на настанот беше прогласувањето на добитникот на Студентската стипендија за 2016 година, со покажани најдобри резултати на ФУЛМ онлајн-прашалникот, во конкуренција со повеќе од 100 кандидати. Студентската стипендија е обезбедена од Фондот за студентски стипендии, кој пред 2 години го основаа MCUL, САД и ФУЛМ Македонија за поддршка на студентите и нивната едукација. Да се постават луѓето пред профитот и да се обезбедат прифатливи финансиски услуги за своите членови е основната филозофија на постоењето на кредитните унии.



Оваа година, Светскиот совет на кредитни унии (WOCCU) ја промовира автентичноста на кредитните унии преку 9 принципи, што ја претставуваат различноста на кредитните унии од другите финансиски институции. Ние сме сигурни дека овој настан ќе ја подигне свеста за кредитните унии, со што ќе се зголеми членството низ целиот свет, а со тоа и остварување на визијата на Светскиот совет на кредитни унии за 2020 година - 220 милиони членови низ целиот свет. Очигледно, оваа мисија е остварена уште сега! Според статистичкиот извештај за 2015 година, 60.500 кредитни унии, во 109 земји во светот, опслужуваат 223 милиони луѓе. (www.woccu.org)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија