X
 22.10.2016 Наука

Дали естрогенот го прави мозокот на жените поголем?

Дел од мозокот може рутински да варира во големината во текот на менструалниот циклус на жената, покажа една нова студија

Хипокампусот расте по малку секој месец како што нивото на естроген се зголемува, а се намалува како што производството на хормонотот се намалува, според истражувачите на „Макс Планк“ Институтот за човекови когнитивни и мозочни науки во Лајпциг.


менструален циклус



Претходно било утврдено дека хипокампусот, кој се смета дека е одговорен за меморија и расположение, постепено може да ја променува големината со текот на времето, како одговор на фактори од животната средина. Ова е прва студија која укажува на тоа дека кај жените може да се менува редовниот циклус секој месец, во одговор на промените во нивото на хормони.

„Ние откривме дека паралелно со зголемувањето на нивото на естроген што доведува до овулација, хипокампусот, исто така, го зголемува волуменот на сивата материја, како и на белатата маса"- објаснил истражувачот Клаудија Барт.

Изненадувачкото ново откритие беше направено од страна на истражувачите во многу рана фаза на истрага на предменструалното дисфорично пореметување (PMDD), состојба која влијае на околу една од дванаесет жени и може да предизвика низа на симптоми, вклучувајќи екстремни промени на расположението, депресија и замор. Како што предменструалниот синдром (ПМС), „PMDD“ влијае на доживување болка секој месец во лутеалната фаза на женскиот менструален циклус, после овулацијата и пред почетокот на менструацијата.

Главниот истражувач, доктор Јулија Сахер рече дека се надева дека понатамошното истражување може да доведе до развој на начини со цел да се идентификуваат кои жени се подложни на „PMDD“ и потенцијално на други ментални болести и зошто и да се одреди каков вид на интервенција ќе биде најмногу корисна за нив.

„Од страна гледајќи во „neuroplasticity“, способноста на мозокот да се прилагоди, можеби има „прозорци на можности“ што може да се подигнат за жените кои се ранливи (проблеми со менталното здравје) во одредени периоди во својот живот поврзани со хормоните"- вели Сахер.

Во оваа фаза, таа го нагласи начинот на кој промените во структурата на мозокот влијаат на однесувањето и специфичните когнитивни способности, за што е невозможно да се претпоставува.

„Хипокампусот игра клучна улога во нашите сеќавања, на нашето расположение и на нашите емоции. Кај глувците тоа е веќе докажано дека не е само оваа структурата на мозокот, но исто така и различни однесувања кои го водат видот на месечниот циклус“-објаснила Барт.

Но, Сахер била подготвена да нагласи дека луѓето може да биде сосема различни. Всушност, вели таа наместо поголем хипокампус да значи дека жените би имале подобра меморија, подобрување на когнитивните функции и подобро регулирани расположенија во одредени периоди од месецот, тоа би можело да значи дека кај здравите жени хипокампусот ја променува големината за да ги компензира флуктуирачките хормони и да се задржи постојаноста во однесувањето, рече таа.

Таа додаде дека во оваа студија, тие не гледале во однесувањето на сите, туку дека  резултатите се од само една жена. Учесникот, кој бил класифициран како здрава жена, имала 30 скенирања на мозокот во текот на четири менструални циклуси.

„Важно е да се разбере она што мозокот може да го направи во здравството, за да можеме да го разбереме она што се случува во состојба на деменција и депресија. Но, ние треба да го направиме тоа во поголема студија, ако сакаме да го предложиме ова како типично“- изјавила Сахер.

Во следната фаза на истражувањето, Сахер, рече, ќе го следат истиот протокол, но со поголема група на жени, а тоа идеално би вклучило и други техники на сликање, со што би им се овозможило на истражувачите да погледнат повнимателно во одредени делови на хипокампусот.

„Ако ги најдеме истите резултати во поголема група на жени, тогаш ние би сакале да погледнеме на жените кои страдаат од „PMDD“ и да зборуваме за поврзаноста со однесувањето.

Се разбира, тоа сепак ќе биде корелација, а не причинско-последичните односи, но барем треба да кажеме, на пример, кај жените со „PMDD“ дали гледаме помалку или повеќе флексибилност."

Барт изјавила дека резултатите од поголема студија би можеле да бидат корисни во помагањето за лекување на жените со „PMDD“.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука